Search

Филипче: Доколку не дозволиме нагло да расте бројката на заразени подобро ќе го заштитме здравјето на граѓаните

Венко Филипче, е човекот кој деновиве е и најангажираниот од Владата на Македонија околу справувањето со ширењето на коронавирусот во земјава. Во текот на денот е речиси со постојан ангажман, со колегите доктори, во Владата каде се анализира ситуацијата и се донесуваат мерките за заштита на населението, а стигнува и да излезе на прес-конференции и да ја запознае македонската јавност од прва рака со сите новонастанати ситуации кои се менуваат речиси од час во час.

На крајот од денешниот ден Филипче на јавноста и се обрати и преку својот фејсбук каде напиша смирувачки тонови:

-Целта на сите мерки кои се преземаат е да не се случи нагло растење на бројката на заболени. Со тоа би дошло до оптеретување на здравствениот систем, а тоа не смееме да го дозволиме. Епидемијата е тука и се шири кај нас како и секаде во светот. Но доколку тоа се случува постепено, здравствениот систем ќе се справи полесно и подобро ќе го заштитиме здравјето на граѓаните. напиша Филипче.

Вкупната бројка на заболени од коронавирусот во Македонија изнесува 31 лице.

Треба да знаете
Последни објави