Search

„Фејсбук“ укина 364 налози на „Спутник“ поради лажни вести

Компанијата „Фејсбук“, денеска, соопшти дека во рамките на најновите напори во борбата против лажните вести укинала стотина налози, страница и група.
Претставникот на компанијата, Натаниел Грејчер, рекол дека 364 налози биле поврзани со соработници на руската новинска куќа „Спутник“.

Компанијата соопштила дека стотината укинати налози биле поврзани со Русија, како и дека тие биле дел од голема операција за ширење дезинформации, пренесе АП.

Шефот на отсекот за сајбер-безбедност во таа компанија, Натаниел Грејчер, рекол дека една од тие мрежи содржела 364 страници и налози што биле поврзани со работниците на „Спутник“.

Компанијата соопштила дека го презела тој чекор кога открила две мрежи што биле вклучени во координирано неавтентично однесување на налозите на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

Грејчер порачал дека една од тие мрежи водела операции во државите на Централна и Источна Европа, а другата се фокусирала на Украина.

Треба да знаете
Последни објави