Search

Фејсбук го суспендира „четботот” на Нетанјаху поради говор на омраза

Фејсбук денеска објави суспензија на „четботот” на официјалниот налог на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради кршење на регулативите за говор на омраза.

Таквата мерка беше поттикната од пораката во неговата кампања која предупредува дека израелските политичари Арапи „сакаат да не уништат сите”.

Според портпаролот на Фејсбук, „четботот” бил привремено суспендиран на 24 часа. Тој најави дека ќе се преземе акција против евентуално идно кршење на политиката на компанијата.

 

Треба да знаете
Последни објави