Search

Федерер среќно стаса до четвртфиналето во Шангај

Швајцарецот Роџер Федерер се пласираше во четвртфиналето на  тенеискиот мастерс турнир во Шангај, откако во осминафиналето среќно го Белгиецот Давид Гофан со 2-0.

Гофан шансата да го добие мечот ја пропушти во првиот сет кога при водство од 6-5 на свој сервис не успеа да искористи три сет топки. Швајцарец успеа сетот да го одведе во тај-брејк во кој Белгиецот не успеа да искористи уште две сет топки, по кои беше казнет од Федерер. Во вториот сет популарниот Федекс успеа да направи брејк во седмиот гејм, што беше доволно за конечна победа. Во четвртфиналето Федерер ќе игра со подобриот од мечот меѓу Германецот Александар Зверев и Русинот Андреј Рубљов.

Меѓу осумте најдобри се пласира и првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ кој го победи Американецот Џон Иснер со 2-0. Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Стефанос Циципас од Грција.

Треба да знаете
Последни објави