Search

Федералните власти во САД повлекуваат една милијарда долари од проект за железница во Калифорнија

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп повлекува федерално финансирање од околу една милијарда долари за проект за железница со брзи возови во Калифорнија.

Федералните власти нагласуваат дека нема да и ги достават парите на Калифорнија бидејќи државата не почитувала барања за финансирање и е откажана оригиналната визија за воз меѓу Лос Анџелес и Сан франциско.

Вашингтон се обидува да ги принуди властите во Калифорнија да вратат и други 2,5 милијарди долари. Американски медиуми јавија дека федералната финансиска поддршка е исклучително важна и повлекувањето може да значи крај за проектот.

Треба да знаете
Последни објави