Search

Фати не играше на јуниорското СП, но не играше многу ниту за Барселона

– Шпанската тинејџерска фудбалска ѕвезда со африканско потекло, Ансу Фати, не играше за репрезентацијата на Светското првенство за играчи до 17 години, со оправдување дека попотребен е во клубот Барселона.
Но, сега откако Шпанците не направија ништо на јуниорскиот Мундијал, шпанските медиуми пишуваат дали Фати оправдано не играше за „црвената фурија”. За време на СП, тој за Барселона играше 158 минути од можни 540, и немаше гол или асистенција.
Плус тоа, Фати наводно им требаше на Каталонците за дербито со Реал Мадрид, но тој меч закажан за 26 октомври беше одложен за 18 декември.

Треба да знаете
Последни објави