Search

Фатиме одбила претрес: Јас сум обвинителка, а не осомничена за да ме претресуваат

И обвинителката Фатиме Фетаи на влегување во зградата на СЈО била запрена од полицаецот кој се повикал на наредба од шефицата Катица Јанева, дека сите вработени ќе бидат претресувани пред да влезат и излезат, потврдува таа за ТВ24 додавајќи дека се спротивставила на оваа одлука.

-Јас сум обвинителка која работи во оваа институција веќе четири години, а не осомничена за да ме претресуваат на секое влегување и излегување. На враќање од паузата околу 13 часот ме застана полицаецот и соопшти дека не можам да влезам без да бидат извршени проверки во мојата ташна. Тој се повика на наредба која денеска била дадена од шефицата Катица Јанева.

Наредбата за претрес на секој кој влегува или излегува од СЈО, дури и на обвинителите, дошла откако Вилма Русковска ја повика Катица Јанева на сослушување. Неофицијално се дознава дека во Специјалното јавно обвинителство утринава стигнала покана за Јанева за сведочење за случајот „Рекет“. Поканата предизвикала вистински хаос кај вработените во СЈО, а највознемирена била токму Јанева.

Треба да знаете
Последни објави