Search

Уште 7 македонски граѓани репатрирани од Перу на европско тло, во соработка со МНР на Португалија

Информираме дека уште 7 македонски граѓани се успешно репатрирани од Лима, Перу на европско тло. Во организација на амбасадата на Република Северна Македонија во Бразилија, а во соработка со МНР на Португалија, утрово авионот на португалскиот авиопревозник ТАП слета во Лисабон, од каде нашите граѓани го продолжија враќањето кон земјата.

Од сите досега пријавени  за репатријација од Перу, остана уште еден случај на кој континуирано работиме, со оглед на отежнатите внатрешни околности во земјата, заради мерките од пандемијата. Со претходните 4 веќе пристигнати граѓани од Перу во земјата и овие 7, во моментот кога ќе се најде решение и за студентот од Куско, сите пријави за репатријација од Перу ќе бидат реализирани, благодарение на Европскиот механизам за цивилна заштита.

Преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија досега се репатрирани вкупно 29 македонски граѓани од Латинска Америка и од Карибите и тоа 11 од Перу, 4 од Бразил, 4 од Аргентина, 4 од Куба, 3 од Колумбија, 2 од Уругвај и еден од Барбадос. Амбасадата на Република Северна Македонија во Бразилија е адресата за пријавување на затекнатите граѓани од Латинска Америка и од Карибите.

Министерството за надворешни работи уште еднаш изразува голема благодарност до МНР на Португалија за солидарноста и соработката.

Треба да знаете
Последни објави