Search

Уште еден скопјанец на Фејсбук ставал навредливи постови по земјотресот во Драч

Уште еден скопјанец на Фејсбук постирал навредливи коментари по земјотресот во Албанија, па добил кривична пријава, информираше МВР.

-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.Х.(46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, казниво по член 394-г од Кривичниот законик. Пријавениот, на 25.11.2019 во 10.14 часот на социјалната мрежа Facebook коментирал на објава од интернет портал, со која го сторил делото, велат од МВР.

Кривична пријава за истотот дело вчера доби и Д.Д.(46) од Скопје, кој на 26.11.2019 на социјалната мрежа Фејсбук објавил статус, со кој го сторил делото.

Треба да знаете
Последни објави