Search

Училиштата во Хонг Конг затворени до 16 март поради коронавирусот

Училиштата во Хонг Конг ќе бидат затворени до 16 март за да се спречи ширењето на коронавирусот во градот.

Градскиот секретар за образование Келвин Џеунг изјави дека учениците од основните и средните училишта нема да се вратат во училиштата од продолжениот распуст најрано до половината на март.

Одлуката ја донесе Советот за здравствени стручњаци.

Учебната година требаше да почне на 17 февруари, но распустот беше продолжен до 2 март.

Во Хонгконг едно лице почина како последина на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави