Search

Учество на претседателот Пендаровски на 60. Минхенска безбедносна конференција

Претседателот Стево Пендаровски, од 16 до 18 февруари 2024 година, во Минхен, Сојузна Република Германија, ќе учествува на 60. Минхенска безбедносна конференција.

Предвидено е претседателот Пендаровски да учествува на настанот „Дали Западен Балкан е дел од големата слика? Мапирање на новата европска безбедносна архитектура” во организација на Центарот за безбедносна политика од Белград и Центарот за безбедносна политика од Женева, на настанот „Фокус на Балканот”, како и на настанот „Насоката за трансатлантската заедница после Минхен” организиран од Атлантскиот Совет.

За време на учеството на Минхенската безбедносна конференција предвидено е претседателот Пендаровски да оствари повеќе средби со дел од учесниците на собирот. Во фокусот на разговорите на претседателот Пендаровски ќе биде европската интеграција и безбедносните состојби во регионот и во евро-атлантскиот простор.

Треба да знаете
Последни објави