Search

Утре ќе се чисти депонијата кај „Бриколаж“

Во рамките на неделата посветена на подигнувањето на јавната свест за  штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од  создавањето диви депонии, ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје на 13.02.2019  (среда) во 11 часот ќе започне акција за чистење на дивата депонија на  улицата Перо Наков (спроти Тинекс и Бриколаж).

И оваа локација  претставува  црна точка каде што континуирано се случува несовесно  одлагање на отпадот и создавање на диви депонии.
Ве покануваме да го проследите почетокот на оваа акција и преку вашето  присуство да ни помогнете да упатиме апел до граѓаните совесно да  постапуваат со својот отпад и на тој начин да ја заштитат својата  животна околина.

Започнавме во Топаана, продолживме во дворот на  студентскиот дом „Пелагонија“, а до крајот на неделата ќе посочиме  уште неколку локации каде што и покрај секојдневните интервенции на  екипите на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје постојано се создаваат диви  депонии, како резултат на неправилното одлагање на отпадот од страна  на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави