Search

Утеха за Вардар: Гедбан ја има одбраната на колото

Екипата на Вардар го претрпе првиот сезонски пораз пред своите гледачи во Лигата на шампионите и тоа од Барселона која го освои „Јане Сандански“ со 30-26. Гостите од Шпанија одиграа подобро и поквалитетно од почетокот до самиот крај.

Ако е за утеха за тимот на Парондо, одбраната на голманот Калифа Гедбан беше избрана за најдобра одбрана во седмото коло во Лигата на шампиони (ЛШ).

При контранападот од страна на Жилберто Брито Дуарте, Гедбан реагираше маестрално и со тоа го запиша неговото име како најдобар на листата на ЕХФ.

Треба да знаете
Последни објави