Search

Усвоена „Кунминг декларација” за заштита на биодиверзитетот

Претставници на повеќе од 100 земји низ целиот свет ја усвоија „Кунминг декларацијата” со цел да се создаде поттик за постигнување нов глобален пакт за биодиверзитетот, изјави денеска кинескиот министер за животна средина, Хуанг Пинг.

Хуанг на конференцијата на Обединетите нации за биолошка разновидност во кинескиот град Кунминг рече дека главната цел на декларацијата е „да се покаже политичката волја на сите страни и да се испрати силна порака до меѓународната заедница за нашата силна решеност и консензус за биолошката разновидност”.

Декларацијата повикува на „итна и интегрирана акција” за трансформација на сите сектори на глобалната економија.

Треба да знаете
Последни објави