Search

Употребени пелени и кујнски предмети фрлени покрај улиците во Битола – спроведена масовната акција за чистење на градот

Над 500 големи вреќи со отпад беа собрани во денешната масовна акција за чистење во Битола. По препораките од Владата, денешната работна сабота да се искористи за чистење, административните работници од Битола масовно се вклучија во акцијата на повеќе локации во градот.

На наведените локации, во фреквентни места од градот, можеше да се најде секаков вид на ѓубре, вклучувајќи употребени детски пелени, алишта, па дури и домашни кујнски предмети.

Покрај вработените во Општина Битола и јавните претпријатија од градот, на терен во чистењето учествуваа и вработените на подрачните единици на сите државни институции.

Акцијата, чиј носител е ЈП „Комуналец“, се одвиваше на три главни пункта: зад паркингот кај Новиот пазар, во просторот зад Градската библиотека и во населбата Карпош. Екипи на „Комуналец“ ги обезбедија учесниците во акцијата за чистење со нараквици, вреќи за ѓубре, опрема, а потоа со нивните возила го отстрануваа собраниот отпад.

Треба да знаете
Последни објави