Search

Унгарската полиција откри два тунели за мигранти

Унгарската полиција открила два тунели што мигрантите ги користеле за да влезат во земјата од Србија. Едниот тунел е пронајден во селото Асоталом на југот на земјата каде што полицијата уапси 44 мигранти кои користеле нелегални премини.

Вториот тунел пронајден во селото Чикерија е долг 21,7 метри, но не е забележан успешен премин на мигрантите, соопшти полицијата. Полицијата соопшти дека двата тунела биле откриени непосредно откако биле пробиени. Тунелите сега се затворени, пренесува АП.

Во екот на мигрантската криза во 2015 година, Унгарија изгради ограда од бодликава жица долж нејзината јужна граница за да го спречи приливот на мигранти.

Треба да знаете
Последни објави