Search

Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на Груевски

Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на Груевски

Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија, изјави денеска унгарскиот министер за правда Ласло Трочани.

– Груевски откако доби азил во Унгарија не може да биде испорачан во земја во која e цел на прогон, кажа Трочани во интервју за унгарската телевизија „Ехо”

Унгарската служба за имиграција и бегалци вчера му одобри политички азил на Груевски, по кого Македонија распиша меѓународна потерница заради издржување на двегодишната затворска казна.

Македонското Министерство за правда вчера до унгарските власти го достави и барањето за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија.

Треба да знаете
Последни објави