Search

Украински специјалци вршат претрес во руски манастир

Членови на украинската безбедносна служба влегле во најстариот манастир во Киев, кој е дел од Руската православна црква. Како што соопшти АП, членови на СБУ вршат претрес и во домот на митрополит од храмот Светоуспение Киево-печерска лавра, најголемиот и најстар манастир во Киев.

Претставник на СБУ за новинарите изјави дека е извршен претрес на куќата на митрополитот Павле, кој е осомничен за „поттикнување омраза”.

ТАСС известува дека митрополитот Павле не се наоѓал во куќата во моментот на претресот. Претходно, митрополитот изјави дека тој и останатите свештеници се под притисок од власта.

Треба да знаете
Последни објави