Search

Убиството на Словачкиот новинар води до албански бизнисмени со потекло од Македонија ?!

Убиството на Словачкиот новинар води до албански бизнисмени со потекло од Македонија ?!

Истрагата за убиството на Словачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница ги донела истражителите до Албански бизнисмени од Македонија, кои соработувале со Италијанска мафија од Ндрангета, објавуваат словачките медиуми.

По три месечни протести и серија оставки на високи словачки функциониери, истрагата за убиството на словачкиот новинар, Јан Кучијак, добива нов тек. Словачките и балканските медиуми пишуваат дека случајот сега ја следи трагата на група албански бизнисмени, со потекло од Македонија, осомничени за ликвидацијата на новинарот и неговата свршеница во февруари годинава. Истрагата тргнала во тој правец бидејќи Кучијак во своите текстови анализирал сомнителни зделки и врски од сферата на агробизнисот и извозот на месо помеѓу неколку албански семејства во Словачка и италијанската криминална група Ндрангета. Фокусот на полицијата сега бил ставен на неколку словачки магнати и Албанци од Македонија, блиски до италијанската мафија, благодарение на истражувањата на меѓународниот тим новинари, кои се здружија да ги обелоденат сите афери кои ги водел убиениот новинар, како и потенцијалните егзекутори.

-Јан работеше на најголемите случаи на корупција во Словачка. Беше многу внимателен кога се работи за безбедноста. Шифрираше се. Информациите за случаите, кои тој ги истражуваше мора да протекле од државните органи, од полицијата или од обвинителството, вели Марек Вагович уредник на „Актуелити“

Кучијак и неговата свршеница беа пронајдени убиени во својот дом на 26 февруари, близу Братислава. Првично се претпоставуваше дека убиството е извршено поради тоа што новинарот ги истражувал наводите за нелегални плаќања од средствата на ЕУ фондовите, во кои биле вмешани словачки и италијански државјани. Убиството покрена масовни протести на улиците, по што словачкиот премиер Фицо и министерот за внатрешни работи си поднесоа оставки.

Треба да знаете
Последни објави