Search

Убиен и Абу ал- Хасан ал- Мухаџир, вториот човек на ИД

Курдите јавија дека вечерва е убиен и вториот човек на ИД по Ал – Багдади , неговиот најблизок соработник Абу ал- Хасан ал- Мухаџир. Во заедничкиот напад на Курдите и на американските сили на северот на Сирија е убиен и вториот човек на Исламската држава.

Сириските демократски сили (СДФ), во кои главен дел се од курдската ППГ, објавија дека ја таргетирале целта во близина на сирискиот пограничен град Џараблус, според разузнавачките информации обезбедени од СДФ и американската војска. Главниот командант на СДФ, Мазлум Абди, рече дека нападот е „продолжение на претходната операција“ во која загина Абу Бакр ал-Багдади, водач на ИД.

Треба да знаете
Последни објави