Search

Убиени 12 војника од заседа во Мали

 Најмалку 12 војника се убиени во напад извршен во централниот дел на Мали, во близина на границата со Буркина Фасо, соопшти војската.
Нападната е воена позиција од заседа во Сокура, каде војниците загинале во експлозија на импровизирана бомба.
Војската наведува и дека се „убиени девет терористи”.

Централниот дел на Мали е често мета на насилство, особено од 2015 година, кога се појави џихадистичка група, предводена од припадник на етничката заедница Фулани.

Треба да знаете
Последни објави