Search

Убиени таткото и двајца браќа на главниот осомничен за нападите во Шри Ланка

Таткото и двајца браќа на напаѓач, за кој се верува дека стои зад минатонеделните бомбашки напади во Шри Ланка, беа убиени откако безбедносните сили се инфилтрирале во нивното засолниште, соопштија денеска полициски извори и роднини на загинатите.

Заин и Рилван Хашим и нивниот татко Мухамед, кои на снимка објавена на социјалните мрежи повикаа на целосна војна против неверниците, се меѓу 15 загинати во петокот, по жестоката престрелка со воени и полициски специјалци, соопшти „Ројтерс“.

Напаѓачот, Захаран Хашим се верува дека е „мозокот“ на бомбашки напади врз цркви и хотели за време на католичкиот Велигден при што загинаа повеќе од 250 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави