Search

Убедлив пораз за Еурофарм Пелистер од Бидасоа во Шпанија

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја повторно од едно гостување во Европската лига да се вратат со победа, бидејќи во Шпанија беа надиграни и убедливо совладани од вицешампионот во АСОБАЛ – Бидасоа Ирун, со резултат 32-20 (20-12).

Само на стартот „пелистерци“ беа конкурентни на противникот и по почетните 2:2 домаќините констатно беа во предноста. Некаде на средина на полувреме Бидасоа започна да ја прави разликата која на крајот се покажа како недостижна.

Еурофарм Пелистер во првите 30 минути имаше шест минути во кој не постигна гол. На пауза се замина со водство од осум разлика за шпанскиот тим (20:12).

Не успеа македонскиот претставник да се врати и во второто полувреме, па прашањето беше само со која разлика домаќините ќе слават победа.
Хенеберг со пет и Танкоски со четири беа најпрецизни во таборот на пелистерци, додека за домашниот тим се истакна Каваро со шест погодоци.

За Еурофарм Пелистер ова беше трет пораз во петтиот натпревар, а битолчани забележаа и две победи против Агуас Сантас и Мотор Запорожје во минатото коло.

До крајот на европската полусезона, пелистерци ќе одиграат уште еден натпревар и тоа повторно против шпанскиот тим. „Реваншот“ се игра во Битола за седум дена.

Треба да знаете
Последни објави