Search

Уапсен скопјанец кој извршил тешка кражба

Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Чаир при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против Л.Б.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба” предвидено и казниво согласно чл.236 од КЗ на РСМ. Л.Б. кривичното дело го извршил во периодот од 08.11.2018 до 06.03.2019 во магацин на фирма на ул.„Јадранска магистрала”, при што со употреба на сила влегол внатре и одзел работни машини, со што се стекнал со противправна имотна корист од 460.833 денари.

Треба да знаете
Последни објави