Search

Уапсен осуденик избеган од затвор

Скопјанец осуден за разбојништо бил уапсен вчера во Скопје, информираше МВР.

-На 09.12.2018 година околу 14.30 часот од слобода е лишен Ј.С.(30) од Скопје. Лицето се барало за издржување на казна затвор во времетраење од шест години и шест месеци за сторено кривично дело разбојништво, велат од МВР.

Приведеното лице има одлежано две години од предвидената затворска казна по што од 12.01.2017 година е во бегство. По апсењето Ј.С. е спроведен во затворот „Идризово“.

Треба да знаете
Последни објави