Search

Уапсен Грк со фалс германска дозвола на Табановце

Грчки државјанин бил упсен вчера на Граничниот премин Табановце, на влез во земјава, информираше МВР:

При контрола на патничко возило „форд“, со германски национални ознаки, управувано од К.К.(60), државјанин на Р.Грција, било констатирано дека сообраќајната дозвола за возилото била фалсификувана, односно било извршено бришење на податоци.

К.К. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави