Search

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале кај него на преглед.

Тој потоа ги силувал и го снимал сето тоа, објавија германските медиуми.

„Згрозени сме од овие обвинувања за кои се чини има многу докази. Оваа вест нè погоди како струен удар“, изјави директорот на клиниката, Матијас Ернст, пренесува „Ројтерс“.

Локалните медиуми објавија дека неименуван лекар е уапсен и дека биле пронајдени видеа при претрес во неговата куќа. Како што се наведува, лекарот претходно бил осомничен дека им препишувал непотребни лекови на пациентите, а неговото име повеќе го нема на списокот на вработени на веб-страницата на клиниката.

Засега е непознато колку жени силувал и дали го снимал секој напад.

Треба да знаете
Последни објави