Search

Уапсени 12 лица по судирите меѓу навивачите на Лестер и Наполи

Полицијата уапси 12 лица по судирите меѓу навивачите пред и по натпреварот од фудбалската Лига Европа помеѓу Лестер и Наполи (2:2), пренесува „Фудбал Италија”.

Пред и по натпреварот, имаше неколку судири меѓу навивачите во близина на стадионот.

За време на мечот, навивачите на италијанскиот тим започнаа расправија со локалната полиција и навивачите на противничкиот тим.

Во следното коло од Лига Европа, Лестер ќе игра на гости кај Легија, додека Наполи ќе го пречека Спартак.

Натпреварите ќе се одиграат на 30 септември.

Треба да знаете
Последни објави