Search

Уапсени осомничените за пукањето во близина на австриската амбасада во Анкара

Властите во Турција уапсија две лица по инцидентот кој утрово се случи во близина на австриската амбасада во Анкара, објавија официјални претставници.

Недалеку од австриската амбасада во турскиот главен град, утрово од автомобил во движење беа испукани куршуми во воздух, извести турската агенција „Анадолија“ и наведе дека полицијата ги блокирала околните улици, пренесе агенцијата АП.

АП наведе дека сé уште не е јасно дали амбасадата била цел на нападот.

Сличен инцидент се случи во август, кога три куршуми испукани од возило во движење ја погодија портата на американската амбасада во Анкара, но никој не беше повреден.

Треба да знаете
Последни објави