Search

Уапсени браќата на ал Башир поради корупција

Новите воени лидери во Судан денеска ги уапсија двајцата браќа на соборениот претседател Омар ал Башир поради корупција во рамките на големата операција против официјални лица и приврзаници на поранешната влада.

Абдул и Абас ал Башир се во притвор, изјави портпаролот на Привремениот воен совет без да наведе детали.

Суданската армија го смени минатата недела претседателот ал Башир по четиримесечните улични демонстрации против неговото 30-годишно владеење обележано со конфликти, граѓанска војна и корупција.

Меѓународниот кривичен суд за злосторства во западен Дарфур бара ал Башир поради обвинение за геноцид и злосторства против човештвото.

Соборениот судански претседател е во затворот Копер во Картум, познат по политичките затвореници.

Армијата исто така притвори голем број блиски соработници на ал Башир и  на поранешните владини претставници.

Треба да знаете
Последни објави