Search

Уапсена Албанка во Струга, имала магацин со шверцуван тутун и лекови

На 02.07.2020 година, по претходно добиена писмена наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во гаража лоцирана на улица „Македонска“, во Струга, која ја користела В.М.(51) од Корча-Република Албанија.

Притоа, пронајдени и одземени се четириесет и две хартиени кутии тутун  „VIRGINIA ORIGINAL“, четири кутии со вкупно 43 ленти таблети „EXIPTOL ALBENDAZOLE“  600 mg, осум стаклени шишиња со непозната течност и една пластична туба со непозната течност.

Поради постоење основи на сомнение дека се работи за сторено казнено дело „даночно затајување“ по член 279 од кривичниот законик, В.М. била лишена од слобода и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави