Search

Турција ќе ги неутрализира милитантите кои ги спречуваат заедничките патроли во Идлиб

Турција вети дека ќе ги неутрализира радикалните елементи што ги попречуваат руско-турските заеднички патроли во сириски Идлиб, објави рускиот Центар за помирување во Сирија, пренесува „Спутник“.

Според изјавата, мерката што Анкара вети дека наскоро ќе ја преземе, ќе се однесува на автопатот М4 од Алепо кон Латакија во безбедносен коридор создаден за да се обезбеди сообраќајот по трасата која се протега шест километри северно и јужно од автопатот.

Центарот додаде дека последната заедничка патрола била изведена претходно денеска на скратена рута поради загриженоста во врска со безбедноста.

На 5 март, рускиот и турскиот претседател одржаа преговори за зголемените тензии во сириската провинција Идлиб. По состанокот, двете страни усвоија заеднички документ, потврдувајќи ја нивната заложба за форматот Астана и најавувајќи воведување режим на прекин на огнот. Двете страни се согласија заеднички да патролираат по клучниот автопат М4.

Треба да знаете
Последни објави