Search

Турција ја надмина Кина по бројот на заразени, вкупно 86.306 лица позитивни на коронавирусот

Турција стигна на седмото место во светот по бројот на потврдени случаи со коронавирусот, со што ја надмина и Кина, каде за прв пат се појави овој смртоносен вирус, пренесува „Ројтерс“.

Во Турција, бројот на потврдени случаи со коронавирусот се зголеми на 86.306 лица, соопшти денеска министерот за здравство, Фахретин Хоџа.

Турција стигна на седмото место во светот по бројот на потврдени случаи со коронавирусот, со што ја надмина и Кина, каде за прв пат се појави овој смртоносен вирус, пренесува „Ројтерс“.

Во последните 24 часа, во Турција се пријавени 3.977 нови случаи, а починати се 127 лица, со што вкупниот број на умрени се искачи на 2.017.

Во Турција досега се тестирани над 634 илјади луѓе за коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави