Search

Турција: Тројца од повредените во критична состојба по судирот на воз и локомотива

Тројца од повредените се во критична состојба по судирот на воз и локомотива во Турција. Брз воз изутринава удрил во локомотива за одржување на пругата, по што излетал од шините и завршил во пешачкиот надвозник на станицата во Анкара, при што загинаа девет, а повредени се 46 лица.

Според агенциите, најмалку два вагони излетале од шините. Возот се движел од Анкара кон централниот турски град Конји, на околу 260 километри јужно од Анкара. Според изјавите на официјални лица, брзиот воз удрил во локомотивата која ги проверувала шините на пругата на малата станица Марсандиз во Анкара. Брзиот воз требало да помине низ станицата без да сопре, но притоа дошло до судир со локомотивата. Се уште не е утврдено дали несреќата се случила како проследица на проблеми со сигнализацијата. Истрагата е во тек. Во јули десет лица загинаа и повеќе од 70 беа повредени кога воз излета од шините на северозападниот дел на Турција.

Треба да знаете
Последни објави