Search

Турција повторно провоцира, истражувачкиот брод пристигна во источен Медитеран

Турскиот истражувачки брод „Оруч Реис“ стигна до локацијата во источен Медитеран каде што ќе бара извори на јаглеводород, објави денеска турскиот министер за енергетика Фатих Донмез.

Присуството на „Оруч Реис“ на тоа подрачје ги крена тензиите меѓу Грција и Турција, бидејќи во понеделникот се закотви кај грчкиот остров Кастелоризо.

Грција објави дека тоа предизвикало големи тензии меѓу двете земји, а Турците тврдат дека имаат право на јаглеводород, пренесува „Ројтерс“.

„Оруч Реис пристигна во источен Медитеран каде што ќе ги продолжи своите активности. Тестовите започнаа во вторникот и уште денес ќе имаме неколку сеизмички извештаи“, рече Донмез.

Треба да знаете
Последни објави