Search

Турција повеќе нема да го спречува влезот на сириските бегалци во Европа

Портпаролот на владејачката турска Партија на правда и развој, Омер Челик изјави дека политиката на Турција кон бегалците ќе остане иста, но дека неговата земја повеќе не е во можност да ги задржува оние коишто се на пат кон Европа.

Според турски официјален претставник, земјата одлучила повеќе да не ги спречува сириските бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европа по копно и море.

Изјавата е дадена во пресрет на масовно движење на бегалци од сириската провинција Идлиб, каде има еден милион раселени лица. Турската полиција, крајбрежната стража и граничарите добиле наредба да се држат настрана.

Гувернерот на турската област Хатај, Рахми Доган, изјави дека бројот на загинатите турски војници во воздушниот напад во Идлиб се искачи на 34 лица. Ројтерс наведува дека се очекува масовно движење на бегалци од сириската покраина Идлиб кадешто има милион раселени лица.

Треба да знаете
Последни објави