Search

Турција: Нови апсења поради поврзаност со Ѓулен

Турското Државно обвинителство соопшти денеска дека е наредено апсење на 295 активни припадници на армијата, поради сомнение за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Ѓулен, кој е во егзил во САД, властите во Анкара го сметаат за организатор на неуспешниот пуч против претседателот Реџеп Тајип Ердоган извршен јули 2016 година.

Меѓу воениот персонал, кој се соочува со притвор, се тројца полковници, осум мајори и десет поручници. Околу половина од осомничените се од копнената војска, а други од морнарицата и воздухопловните сили.

Треба да знаете
Последни објави