Search

Турција: Неприфатлив ставот на ЕП за суспензија на преговорите со ЕУ

Анкара денеска го оцени како „неприфатлив” ставот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, кој повика на суспензија на преговорите за членство на Турција во ЕУ.

Комитетот за надворешни работи на ЕП вчера ја повика Европската комисија и нејзините членки официјално да ги прекинат преговорите за пристапување на Турција, поради кршење на човековите права и граѓанските слободи, влијанието врз судството, територијалните спорови со Кипар и другите соседи.

-Апсолутно е неприфатливо тоа што необврзувачки советодавен нацрт на извештај повикува на целосна суспензија на нашите преговори за пристапување со ЕУ, рече портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој.

Тој додаде дека Анкара очекува „неопходни корекции” на нацртот за конечниот извештај да биде пореален, непристрасен.

-Само таков извештај нашата земја ќе го земе да го разгледува, наведе турски претставник.

Од друга страна, известувачот на ЕУ за Турција на Твитер објави дека очекува „мнозинство во ЕП да гласа за прекин на преговорите за пристапување со Турција, како што тоа го стори Комитетот за надворешна политика на ЕП.

Треба да знаете
Последни објави