Search

Турција и Русија ги спроведоа првите координирани патроли во северна Сирија

Турските и руските вооружени сили првпат спроведоа независни координирани патроли во Тел Рифат во северниот дел на Сирија, објави руското Министерството за одбрана, пренесува ТАСС.

„Во регионот Рал Рифат, вооружените сили на Турција и на Русија ги спроведоа првите независни координирани патроли. Москва и Анкара очекуваат дека овој напор ќе обезбеди спроведување на прекин на огнот, а ќе ги спречи и нападите врз воените единици”, се вели во соопштението на министерството.

Руското Министерство за одбрана не го потврди ниту го негираше извештајот.

Во почетокот на февруари, руската воена полиција ја прошири зоната на своето присуство во јужниот дел на Алепо, стигнувајќи до Тел Рифат на североисточниот дел на Манџибј, посочи генерал-потполковник Владимир Ивановски, шеф на одделот за воена полиција во Министерството за одбрана на Русија.

Треба да знаете
Последни објави