Search

Турција бара објавување зона забранета за летови во Сирија

Турските власти побараа денеска од светските сили да објават во Сирија зона забранета за летови во обид да се заштитат стотици илјади луѓе кои бегаат од конфликтот.

Турското барање е во момент откако 33 турски војници загинаа во воздушни удари во реонот на Идлиб.

„Меѓународната заедница мора да дејствува за да ги заштити цивилите и да воведе зона на забрането летање”, наведе на Твитер, Фахретин Алтун, директор за комуникации во Кабинетот на турскиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави