Search

Турски воени авиони 110 пати го прекршиле грчкиот воздушен простор

Турски воени авиони во текот на вчерашниот ден вкупно 110 пати го прекршиле грчкиот воздушен простор, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на информации од Генералштабот на Армијата на Грција.

Според истите извори, како што јави дописничката на МИА од Атина, во прекршувањата во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејското Море учествувале 35 турски авиони од типот Ф-16 и Ф-4. Биле регистрирани и шест виртуелни воени борби со грчки авиони, а 16 прекршувања извршиле и шпионски авион.

Прелетувањата на турските авиони во грчкиот воздушен простор, се очекува да биде една од темите за кои ќе разговараат членовите на Советот за надворешна политика на Грција, во кој членуваат претставници на грчките партии.

Со состанокот ќе претседава алтернативниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, а според официјалната најава, тема на Советот ќе биде информирање за клучните прашања поврзани со надворешната политика во следниот период, кипарското прашање и грчко-турските односи.

Треба да знаете
Последни објави