Search

Турнирот во Москва без Ема Радукану

Победничката на УС Опен, Ема Радукану, се повлече од Кремљ купот, кој идната недела стартува во Москва, откако претходно овој месец беше елиминира веќе во 2. коло на турнирот во Индијан Велс.

Причините за нејзиното повлекување од турнирот во Москва, засега, не се познати.

– За жал бев принудена да направам промени во распоредот на турнирите и нема да можам да играм во Москва оваа година, но се надевам дека ќе можам да се натпреварувам пред руските навивачи догодина, објави британската тенисерка.

Радукану (18) загуби од Белорусинката Александра Саснович на Индијан Велс во својот прв натпревар по освојувањето на титулата на УС Опен.

До крајот на 2021 година британската тенисерка би требало да настапи на турнирите во Романија и Австрија.

Треба да знаете
Последни објави