Search

Тунискиот претседател го назначи Хишем Мечичи за нов премиер

Тунискиот претседател Каис Саид го назначи министерот за внатрешни работи Хишем Мечичи  да формира нова влада на местото на премиерот во заминување, Елиес Факфах, кој на средината од месецот си поднесе оставка, јави ДПА.

Независниот Мечичи (46) на функцијата министер за внатрешни работи беше назначаен во февруари кога тунскиот Парламент ја одобри владата на Фахфах.

Тој доби рок од еден месец да формира нова влада, која потоа треба да биде одобрена од парламентот со просто мнозинство.

Името на Мечичи не беше меѓу оние што ги предложија претседателите на партиите и парламентарните групи.

Германската агенција потсети дека Фахфах поднесе оставка на функцијата премиер на 15 јули, по расправијата со исламистичката партија „Енахда” и парламентарниот притисок да биде сменет поради обвиненија за судир на интереси.

За него беше посочено дека поседува акции во приватни компании на кои последните месеци им биле дадени јавни договори, пренесе ДПА.

Треба да знаете
Последни објави