Search

Три лица загинаа при пад на болнички хеликоптер

Најмалку три лица загинаа откако болнички хеликоптер се урна во оддалечена шумска област во државата Охајо. Хеликоптерот тргнал да пренесе пациенти од една во друга болница, но се урнал.

Несреќата се случила околу седум часот изутрина по локално време. Загинатите лица биле дел од медицинскиот тим. Медицинскиот тим од болницата Маунт Кармел во Гров Сити требало да пренесе пациент во Померо.

Остатоците од хеликоптерот се пронајдени по три часа од започнувањето на спасувачката акција во оддалечена шумска област.

Треба да знаете
Последни објави