Search

Триумф на Ботас и девет откажувања го одбележаа стартот на сезоната во Ф1

После долго чекање и одлагање поради коронавирусот, конечно стартувана сезоната во Формула 1 со првата трка на патеката „Ред Бул ринг“ за Големата награда на Австрија и триумф на Валтери Ботас од Мерцедес. Покрај победата на Ботас, првата сезонаска трка ја одбележаа и девет откажувања, од кои Ферстапен и Рикиардо поради механички проблеми, како и Штрол кој излета од патеката, дополнети и со три „сејфти кара“ и две казни од пет секунди за Луис Хамилтон и Серхио Перез…

Луис Хамилтон поради казна, за прекршок од вчерашните квалификации, не стартуваше од првиот ред. Но, и покрај тоа успеа да дојде до второто место пред самиот финиш, за да на само четири круга пред крајот добие казна од пет секунди, што на крајот значеше и „исфрлање“ од подиумот завршувајќи на 4. место. Тоа на подиумот, веднаш зад Ботас, ги однесе Шарл Леклер од Ферари и Ландо Норис од Мекларен. На петтото место заврши Саинц од Мекларен.

Треба да знаете
Последни објави