Search

Трипуновски: Политики кои земјоделецот го оставаат без сигурна егзистенција

Согласно теренските активности денеска сум во битолскиот регион, на посета со земјоделци од неколку населени места. Она што го разговараме и ситуацијата којашто ја имам воочено и во самото Министерство, имаме едни лоши политики коишто земјоделецот го оставаат без сигурна егзистенција во овој регион и во цела Република Македонија, вели Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и додава:

-Во изминатиов период во Министерството јас предочив и воочив некои неправилости коишто се случувале, преупредив на лошите политики коишто ги води Министерството и за жал таа ситуација се отсликува на терен. Самите земјоделци наоѓаат на забелешки во делот на селективната исплата на субвенциите, погрешни мерки, едноставно нема сегмент каде што нема некакви забелешки од актуелната власт, односно од политиките коишто се имаат креирано во овој земјоделски сектор.

Она што е важно во разговорите е дека подобрите времиња допрва доаѓаат за македонскиот земјоделец кои што со формирање на новата влада, македонскиот земјоделец ќе биде на врвот на приоритетите и сите оние мерки коишто ќе ги креираме и спроведуваме ќе бидат во интерес на подобро земјоделско производство, односно македонскиот земјоделец ќе биде оној којшто ќе почуствува дека од другата страна има партнер којшто ќе се грижи за неговата работа и за трудот да му биде правилно вреднуван.

Дополнителениот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство трипуновски одговараше и на новинарски прашања.

Овде има раководител на Подрачната единица Илиевски, со него имате ли разговарано за состојбите му забележувате ли нешто, како управува со ресорот во овој регион ?

– Во делот на подрачните единици јас во неколку прес конференции воочив дека има сериозни отстапувања за она што значи законско работење. Конкретно во оваа Подрачна единица во наредниот период ќе остварам посета и ќе разговарам за сите актуелни ситуации. Меѓутоа она што сакам да го генерализирам во делот на подрачните единици е дека за жал има отстапки во делот на законско работење, јас како што кажав во неколку прес конференции открив некои неправилности за коишто ќе поведам постапка,се со цел дека мора да се работи согласно законот и согласно прописите. Оваа категорија којашто јас ја работам односно земјоделците се категорија која знаат да произведат коишто знаат да пласираат земјоделски производ, а државата треба да создаде услови и да биде гарант. Подрачните едници треба да бидат сервис на земјоделците, а не да бидат затворени и да бидат селективни во својот пристап.

Како ги цените состојбите во Пелагонија, и како ја цените состојбата со тутунот ?

– Во Пелагонија најголем дел од дискусиите коишто ги водиме во делот од сточарството, односно млекопроизводството, тука имаме сериозни забелешки од сточарите дека млекото има цена којашто не е рентабилно, едноставно го доведува до прашање нивното производство. Некои од сточарите веќе ми најавија дека планираат да го намалат своето стадо, заради тоа што немаат рентабилност. Она што јас го кажав како ветување е дека во наредниот период со сериозни мерки и политики ќе ја вратиме надежта во овој сегмент. Во делот на тутунопроизводството јас изминативе неколку дена апелирав дека има сериозни отстапки во тој дел, во делот на проценката на тутунот зато што според мене не е само да се откупи секој килограм, треба и проценката да биде реална затоа што тие земјоделци, тутунарите цела година работат и едноставно ова е моментот кога сакаат да си го валоризираат трудот. За жал тоа не е реалност се случуваат сериозни отстапки, меѓутоа исто така не знам од која причина, ниту министерот ниту инспекторатот не посветуваат сериозно внимание се со цел да го спроведат законот на терен. Во знак прашање е дали ќе се заврши целиот откуп и едноставно ќе биде цела количина откупена, затоа што имаме еден несериозен однос на министерот и инспекторатот, на директорот на инспекторатот и ги оставаат земјоделците и тутунарите сами да се справуваат со оваа тешка ситуација.

Треба да знаете
Последни објави