Search

Трипуновски: Ние нема да ветуваме како Зоран Заев што ветуваше во 2016

Немојте да заборавите што значи СДСМ на власт. Само за момент присетете се за какви погубни политики изминатите три години додека СДСМ е на власт ги креираше и ги спроведе во делот на земјоделството.

Земјоделството е крупна гранка и сериозен чекот, но сериозен чекор за сериозни луѓе. Не за Зоран Заев, не за Љупчо Николовски, не за Трајан Димковски. Тие елитисти кои што изминатите три години седат во удобните канцеларии, се возат во службените удобни возила, патуваат надвор од државата на наш трошок, на државен трошок, се луксузираат, а земјоделецот е на дното на листата.

Сакам да ве уверам дека овие разговори што ги правиме како политичка партија сме постојано помеѓу граѓаните, разговараме и ги сумираме сите предлози, сите проблеми кои што во идната програма која што е во завршна фаза ќе ги преточиме во проекти. Проекти кои што ќе бидат реални и  спроведливи.

Ние нема да ветуваме како Зоран Заев што ветуваше во 2016. Ниту сигурен пласман, ниту сигурни откупни цени и ред други проекти што ги ветуваше,  гарантни фондови, откупни центи итн.

Единствено што го ја спроведоа е нивната таканаречена мерка зелена нафта. Зелена нафта која што картичките и ден денеска стојат неподигнати во подрачните единици затоа што тоа име  популистичка мерка и нема да го реши проблемот на македонскиот земјоделец.

Стојам овде пред вас и покрај сите притисоци кои што ги имав изминатиот период и понатаму ќе бидам рамо до рамо затоа што земјоделците заслужуваат политичка партија, заслужуваат луѓе кои што имаат искрени и чесни намери и нема да ме заплашат ниту мене ниту ВМРО-ДПМНЕ.

Доаѓа 12 април и ова што го прави СДСМ и со партиските вработувања и со популистичкиот буџет кои што сакаат да го донесат за да ги замолчат и да ги поткупат гласачите, нема да им успее, затоа што луѓето се сеќаваат дека Зоран Заев кој што се колнеше во најмилото, дека одел по жицата и го  барал семето, го промени името на државата, го продаде идентитетот, затоа што со таква цел дојдоа на власт.

Дојдоа за да шетаат Луј Витон торби по скопските улици и никој денес за тоа денес не зборува.

Затоа сакам да ви порачам од тука храбро и достоинствено се ближи крајот на заевизмот во Република Македонија. Сите до еден на 12 април да кажеме дека е доста и дека во Македонија мора да се врати на правиот колосек и земјоделците и просветните работни и здравствените работници, сите граѓани не зависно на политичка, верска или партиска  припадност заслужуваат достоинствен живот во Република Македонија.

Јас ви благодарам од срце и наредниот период ќе се гледаме многу често затоа што не чека период во кој што треба да го поразиме СДСМ и Зоран Заев.

Треба да знаете
Последни објави