Search

Трипл-дабл на Дончиќ во триумфот на Далас над Сан Антонио

Неверојатниот Лука Дончиќ со секој нов натпревар ги поместува границите во НБА лигата. Тоа го сервираше и во победата на Далас над Сан Антонио од 109-103 во тексашкото дерби на најсилната светска кошаркарска лига.

Дончиќ на победата придонесе со 26 поени, 10 скока и 14 асистенции, што за него е 13-ти „трипл-дабл“ оваа сезона. Со тоа стана најдобар во НБА во оваа посебна престижна категорија.

Два дена пред својата 21 година, Лука дојде до 21-от „трипл-дабл“ во НБА кариерата израмнувајќи го рекордот на Џејсон Кид, кој за осум сезони имаше таков учинок.

Од друга страна кај Спарсите се истакна Дерозансо 27 поени и осум скокови, но тоа не беше доволно за неговиот тим да стигне до поволен резултат.

Дербито на вечерта се играше во Солт Лејк Сити каде што Бостон ја победи Јута со 114:103. Повторно одличен кај Селтикси беше Џејсон Татум со 33 поени и 11 скокови, Џејлен Браун додаде 20 поени, додека кај Јута Донован Мичел уфрли 37 поени.

Резултати на натпреварите од НБА-лигата играни ноќта среда кон четврток:

Шарлот – Њујорк 107:101
Кливелдн – Филаделфија 108:94
Вашингтон – Бруклин 110:106
Атланта – Орландо 120:130
Мајами – Минесота 126:129
Хјустон – Мемфис 140:112
Сан Антонио – Далас 103:109
Феникс – Лос Анџелес клиперс 92:102
Јута – Бостон 103:114.

Треба да знаете
Последни објави