Search

Трет ден протест за името пред Собрание

Трет ден протест за името пред Собрание

Неколку стотини луѓе вечерва се собраа пред Собранието во Скопје на протест против договорот за решавање на проблемот за името меѓу Македонија и Грција. Извикуваа “поддршка за Иванов”, “ оставка од владата” и побараа да нема референдум за името. Насобраните ја блокираа и крстосницата во близина на Собранието, а најавија дека блокадите ќе продолжат.

Протестите пред собранието почнаа откако премиерот Зоран Заев објави дека е постигнат договор за решавање на спорот за името со Грција. В недела, според најавите од владата, во Преспа министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе го потпишат договорот, на церемонија која ќе се одвива на грчка и на македонска територија, а на која присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Треба да знаете
Последни објави