Search

Третото место во групата мотив за Македонија во дуелот со Израел

Македонската фудбалска репрезентација утревечер (20.45 ч.) во Скопје завршува уште еден квалифиациски циклус, овјапат за јубилејното ЕП-2020 кое ќе се игра во 13 градови ширум „стариот континет“. По редовниот пат „црвено-жолтите“ не стигнаа до историски настап на завршница, но им останува уште една шанса, преку нокаут-фазата од Лигата на нации, каде во март ќе финишираат со по еден меч во полуфиналето и финалето.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски-Мрме и капитенот Горан Пандев  потенцираат дека Македонија има дополнителен мотив да ги освои трите бода и да ги заврши квалифиакциите на третото место во групата веднаш зад двете селекции кои го визираа настапот пред да заврши официјалниот циклус, Полска и Австрија. Ако, го совладаме Израел, а Словенија не ја победи Полска, тогаш Македонија ќе биде третопласирана што би бил најдобар пласман за „црвено-жолтите“ во едни квалифиакции за ЕП или СП.
– Кога игра репрезентацијата сакаме поддршка, на последните натпревари имавме полни трибини, а фудбалерите вратија на најдобар начин. Подготвени сме и мотивирани повторно да ги израдуваме нашите навивачи. За нас не постои притисок за да го освоиме третото место, туку ние на таа шанса гледаме како мотив. Овие фудбалери за сето тоа што го покажаа во овие квалификации заслужија да завршат како трети. Ние одиме на победа, а колку ќе биде доволно ќе видиме, изјави Ангеловски на прес-конференција во пресрет на натпреаврот со Израел.
И капитенот Горан Пандев кој го пропушти саботниот натпревар со Австрија во Виена (2:1) поради здравствени проблеми, потенцира дека е подготвен да се врати во тимот и да им помогне на соиграчите за да се дојде до посакуваната победа.
– Сакаме со победа да ги завршиме квалификациите и да се пласираме таму каде што никогаш досега не сме биле. Сакаме да бидеме трети. Игравме во овие квалификации во една неатрактивна, но тешка група и само против Австрија во Скопје потфрливме, додека на останатите мечеви одигравме добро. Можеби можевме да освоиме и повеќе бодови, но решаваа нијанси. Не успеавме да стигнеме до тоа второ место за директен пласман на ЕУРО 2020, па сега третото место би било добар резултат за нас во овие квалификации. Подготвен сум за дуелот со Израел, а дали ќе настапам зависи од селекторот, изјави Пандев.

Селекторот напоменува дека со израел добро се познаваат и нема што многу да сокријат.
– Секој натпревар е различен, така и ние и Израел се подготвува тактички или индивидуално да изненадиме. Бевме заедно и минатите квалификации. Нивниот главен адут е Захави, еден од водечките стрелци. Тука е Дабур. Таа навална линија е доста опасна, но како и секој тим имаат свои слабости и ќе се обидеме да ги искорситиме, додава Ангеловски.
Макеоднскиот селектор не сака да зборува за проблемите со кои се соочуваше пред дуелот со Австрија каде проади повреди и казни поради картони неможеше да смета на повеќемина стандардни репрезентативеци.

-Не би сакал да зборувам, од она што го имам на располагање ќе се трудам да го извлечеме најдоброто. Одиме на победа, рече селекторот Ангеловски.

Треба да знаете
Последни објави